Прв Логистички сервис за Македонците во светот од Македонците во татковината

IMAGE 2019-06-24 04:16:58

СОЛИДАРНОСТА е СИЛА

ЛОГИСТИЧКИОТ центар на ТРЕТА е сместен во централниот штаб, работи 24 часа, седум дена во неделата. Во секој момент, секој Макдонец во светот, кој е далеку од татковината и има било каков проблем со катастар, суд, здравствени проблеми на своите блиски во Македонија и неможе да помогне, нема кој да им помогне, може да се јави во центарот и да побара помош-

ТРЕТА ќе го евидентира проблемот и во истиот момент ќе организира ресурси за решавање на тој проблем, без никакви надоместоци и давачки, освен таксите, трошоците и давачките на самата институција, каде е лоциран проблемот кој треба да се реши.

За таа цел, ТРЕТА има ангажирано неколку адвокатски друштва за да Ве застапуваат , Вас и Вашите најблиски во Македонија за кои Вие се грижите, исто така и геодетско друштво, неколку доктори специјалисти низ најважните здравствени институции низ државата и повеќе вешти правници за решавање на административните органи низ државната администрација.

 

Членството започнува со потпишување на членска карта на ТРЕТА, со што ја помагате со чланарина од 5 евра месечно. плаќањето можете да го вршите на месечно или годишно ниво, во зависност од Вашата одлука и можности.

NARODNA ODBRANA TRETA
СОЛИДАРНОСТ МК