УВОД

Во оваа 2018 година, изготвување на политичка доктрина за сопствената држава е многу тешка работа, но во исто време и судбинска, важна за опстанокот на Македонскиот народ.

Носењето на политички одлуки кои имаат сериозни последици по еден народ, секогаш треба да се засноваат врз реални подлоги, за состојбата, околината и потребите, сегашни и идни на Македонскиот народ.

Во моментов Мај 2018 година, со помош на либерално демократскиот систем, со демократија, комплетно фингирана, со комплетно суспендирана политичка воља на народот, се носат стратешки, судбоносни одлуки. Имено, на денот на изборите, завршува секое право на Македонецот, на денот на изборите со пуштањето на гласачкото ливче во кутијата за гласање, завршува индивидуалното право, се пренесува твојот личен интегритет, правото да одлучиш кој ќе ја управува државата, кој ќе те управува тебе, Македонецот.

Со вешта медиумско, системска манипулација, масовно се манипулира и  брутално лаже гласачкото тело, па во зависност кој ќе добие купишта финансиски средства и логистика од Атлантистите, (НАТО/САД и Англија), тој ќе ја владее Република Македонија. Таквата глобална технологија го уредува светот не за потребите на народите, туку за потребите на глобалистите, инвеститорите, сопствениците на глобалната технологија за манипулирање и креирање на настани и војни.

Во Република Македонија, нападнати се основните столбови на Христијанската цивилизација, нападнато е се, но и уште една важна цивилизациска придобикна, нападато е името Македонија, земјата каде и започна денешната глобализација пред неколку иљади години.

Нападнати се 4 столба на Република Македонија, со што се подготвува состојба во која комплетно ќе се преуреди просторот, вредностите, народот, симболите.

За да може Македонецот да се бори, да се одбрани, потребно е да се утврдат точките на нападот, да се утврдат намерите на непријателот.

1.Нападнат е човекот, битието негово, ЛГБТ заедницата стана доминантна политика, стана критериум за високи позиции во општеството.

2. Нападната е државата, нападнат е системот од глобални организации и сојузи и поедини држави.

3.Нападнат е Македонизмот од сите соседни држави, територијално, верски, историски, идентитетски, после потпишаните ноколку билатерални договори, Македонизмот е во фаза на  комплетно системско одстранување.

4.Економски е уништена државата и економијата, со криминалната приватизација и три децениското крадење на буџетските средства, собрани од народот. Позицијата на ОЛИГАРХИЈАТА е засилена до таа мера што комплетно го контролира општеството, во целост.

СТРАТЕГИСКО ОПКРУЖУВАЊЕ

Безбедноста на една држава, безбедноста на Македонскиот народ, е загрозена од соседните држави и деловите од народот на истите тие соседни држави, кои живеаат во Република Македонија.

Перфорираноста на безбедносниот систем, на интегритетот на Република Македонија е градена со децении, речиси да не постои државна, системска граница во западна Македонија. 

Во однос на Бугарија, децениското корумпирање на еден мал дел од политичката елита, како и ситемскиот државен проект со издавање на Бугарски пасоши на Македонски државјани со кои полесно се наоѓа работа во Европска унија, изградија посебен субјект во Македонија, наречен “Бугарски пасоши”. Таквиот дел од народот, со слаби, скоро никакви национални чувства, денес е подлога врз која веќе се регистрира еден политички субјект, партија, внимателно замаскирана со некакво либерално име.

Грција, како наш најсилен сосед, оспорувајќи го нашето име и идентитет, со намера, токму таа и да ни го наметне нашето име, таа сака и веќе неколку децении, не само што не негира, туку и со помош на Антлантистите пред се, не моделира, ни произведува некаков хибриден, непостоечки идентитет. Таквата брутална Грчка позиција визави Македонија, е синхронизирана и со Албанската држава и интереси, но пред се со Бугарската многу вековна аспирација на овие наши простори, народ и традиција. Со Преспанскиот договор и уставните измени кои после тоа уследија, Грција успеа комплетно да го одстани Македонизмот од општеството во Македонија.

 Таквата синхронизација има за цел, одкако ќе го измоделираат нашиот нов идентитет, таквиот, новиот идентитет, да биде препуштен на Бугарите, кои пак со помош на веќе потпишаниот договор за добрососедство и ревизија на постојната историја, ќе го направат завршниот удар на денешниот , наш, Македонизам. Таквата намера на официјална Република Бугарија се соопштува многу често од официјални, државни чиновници и функционери, со полната нивна одговорност, без притоа да има реакција од постојната политичка номенјклатура во Република Македонија. 

Во делот, на системската , внатрешна ерозија на Република Македонија, кључна и силна улога имаат Албанските политички партии, кои во сегашниов политички систем на поделени, етнички перфорирани, раскарани “Македонски” политички партии, играат улога на одлучувачки фактор, кој ќе биде Мандаторот (премиерот) на Македонската влада, со што , традиционално ја определуваат секоја владина програма, со приоритети, од Албанските партии, поставени како државни, владини приоритет. 3 децении Албанските партии со политичка уцена ги реализираат своите интереси во Република Македонија, кои во суштина се идентични со Грчкиот и Бугарскиот интерес, но мотивите се различни, мотивите се териотријални.

Делот на Албанскиот народ кој живее во Република Македонија, прете-но исламски, веќе со векови, го користат ИСЛАМОТ, како орудие за постигање не на верски, туку на територијални претензии. Агресијата на ИСЛАМОТ е претворена во АЛбанска агресија во општеството, која надополнета со примитивната племенска навика ка социјално организирање и живеење, се комплетно спротивни на ЕВРОПСКИТЕ вредности на кои лицемерно се повикуваат, за да ги задоволат интересите на нивните ментори (НАТО/САД/Англија). Во својата стратегија, Албанските политички парти, во своите барања се концентрирани искључиво на колективни права, индивидуалните не ги интересираат, нив ги регулираат со својата племенска организација, и ИСЛАМОТ, нивните партии се концентрирани искључиво на 1/3 од Република Македонија, под константна закана, за дестабилизација и сецесионизам. Таквата стратегија, Атлантистите ја подржуваат за да Македонците во својот идеал да ја перцепираат Македонија како едно цело 1/1, бараат помош токму од својот џелат, од Атлантистите, за да има мир, за да може Македонецот да живее во мир.

Србија пак, како стар хегемон на постојнава Македонија, која за разлика од претходните не има признаено под уставно име, без никакви забелешки околу 

делот на Српскиот народ кој живее во Република Македонија, дозволи СПЦ да влезе во валкана војна со МПЦ, без разлика што и Македонија и Србија се секуларни држави и не се мешаат во тој глупав верски спор. Српската економска доминација, како последица од 50 годишното заедничко живеење во бившата 

федерација, изминативе неколку години скоро избледе, целосно исчезна, што предизвика, многу по агресивно однесување и деловање на Грците, Бугарите и Албанците на Македонските простори. Србија во овие моменти, еродира исто како и Македонија, неможејќи да го реши Косово, дивиот проект на Атлантистите, кој политички дејствува паралелно со Република Албанија и Албанските политички партии во Македонија.

СИСТЕМСКА ПЕРФОРАЦИЈА

Ваквата ХИБРИДНА војна која се одвива во Република Македонија, со употреба на медиуми, цели социјални групи од нашето општество, заедно со деловите на народи од нашето соседство, со сериозно организирани мали етнички групи внимателно респоредени, во само формално македонските партии СДС и ДПМНЕ, бара хитна мобилизација на Македонскиот народ, во организација на политичка, и вистинска борба, во оваа ХИБРИДНА војна која секојдневно се одвива. Организацијата на нов политички субјект е скоро невозможна мисија, доколку не направите компромис со Атлантистите, што пак не дозволува автентична Македонска одбрана, политичка или воена сеедно. Целокупниот безбедносен апарат на системот на Република Македонија е спрегнат во контрола на секоја критична маса, која би можела да продуцира било какво политичко организирање. За таа цел, Атлантистите ги коиристат до максимум корумпираните политичари и нивните кадровски послушници, внимателно распоредени на кључните места во системот, за контрола и сузбивање на Македонизмот во било кој облик. Таков е примерот со канцаларијата за врски на МВР и ЦИА, каде шефува неМакедонец, таков е примерот во Агенцијата за разузнавање, УБК или военот разузнавање, сеедно, секаде. Во делот на медиуми состојбата е уште полоша, каде ординанрни криминалци и клептомани како Зинго и Стојменови, денес се носители на НАТО и ЕУ интеграции.

Со еден збор, причинителите на уништивањето на Македонизмот, денес се поставени во позиција на спасители на Македонизмот, што значи, дека Македонската борба неможе да биде институционална, неможе да биде нормална. 

ЦЕЛИ на ДОКТРИНАТА НА ТРЕТА

Највисока, врховна цел на ТРАТА партија на Македонците, е дефинирање на Република Македонија, држава на Македонскиот народ и останатите рамноправни, пред уставот и законите. Македонскиот народ и останатите делови на народи од соседството се конститутивни елементи на Македонската држава.

 

  • ✴Република Македонија е матична држава на Македонскиот народ
  • ✴Воена неутралност
  • ✴Монетарна и економска целосна неутралност
  • ✴МултиПоларност без компромис
  • ✴Демилитаризација
  • ✴Целосна денарска државна контрола
  • ✴Ревизија на приватизацијата
  • ✴Заштита на постојниот Македонизам и негова надградба, во тренд со современите националистички трендови во светот.
  • ✴Крајно десничарска надворешна политика, крајно левичарска кон внатре

 

СТРАТЕГИСКИ пристап

1.Одбрамбени реформи.

За да се обезбеди ревитализација и засилување на скоро уништениот интегритет на Македонскиот народ, преку силен ИНТЕГРИТЕТ на Република Македонија како негова матична држава, потребно е да се превземат следните дејствија.

Укинување на Македонската Армија, дуплирање на единицата за брзо распоредување во МВР (ЕБРД), нејзино засилување со тешкото вооружување на АРМ, и модернизација во делот на тешко вооружување по примерот на Италијанските карабиниери. Ослободување на буџетските средства што денес се одвојуваат за Министерството за одбрана и нивна пренамена во ново Министерство за РАБОТА. Новото министерство за работа, треба годишно да вработува најмалку 30.000 луѓе, со директна инвестиција, според најновите европски пресметки со кои едно ефективно работно место во просек чини околу 10.000 евра. Со овоа реструктуирање на безбедносните оперативни единици и одбрана, се ослободуваат огромни средства за брзо и ефикасно вработување на млади луѓе. Капиталот на Министерството за одбрана, во движен и недвижен имот 

ќе биде ставен во функција на ново вработување на постојниот персонал и администрација на Министерството за Одбрана и АРМ.

2. Структурно реформирање на МВР, ќе се одвива во делот на физичко и системско одвојување на УБК и БЈБ со забелешка дека БЈБ останува во рамките на МВР, а денешната УБК, ќе дејствува како засебна безбедносна организација, која е директно под премиерот на Република Македонија. Тоа значи дека одговорноста за работата на УБК, посебно злоупотребите, ќе бидат директна одговорност на Премиерот, лична, а не како досега колективна политичка одговорност, каде максимум што може да се бара санкција и добие санкција е Министерот во МВР. На овој начин постои можност УБК, да ја контролира работата токму на МВР, со што премиерот како највисока политичка функција во извршната власт ќе има и најголема одговорност. Во делот на УБК исто така потребно е најмалку 50% од ресурсите да бидат организирани во управа која ќе врши контрола на работата на државните органи и институции, со што нај ефикасно ќе се одвива борбата со корупцијата. Остатокот од ресурсите на УБК треба да продолжат со засилена контрола на дејствување на пријателски и непријателски служби на територија на Република Македонија.

Ваквата одбранбена и силна безбедносна организација на Република Македонија, неможе да биде ничива закана, на регионот и пошироко, а воедно е и најсилниот аргумент, за ВОЕНАТА НЕУТРАЛНОСТ. Македонија е првата која ја воспостави ПЛАТЕНАТА АРМИЈА (Филип), ќе биде и првата која ќе ја укине, Македонија ќе биде првата ДЕМИЛИТАРИЗИРАНА ДРЖАВА  во светот.

Со оваа доктрина се организираме во безбедносниот систем, а воедно и вработуваме 30.000 млади луѓе секоја година, со што трајно се обезбедува најскапиот, најважниот ресурс за опстанок на оваа држава, а тоа е младиот Македонец во функција на Република Македонија.

3.Трета партија на Македонците е подготвена да го воведе државниот платен промет, со кој државата ќе го врши плаќањето со денари, ќе биде директно одговорна за безбедноста и тајноста на финансиските трансакции, а не како денес приватните банки. На тој начин, нема да можат државите во регионот да имаат 

дневни извештаи за економската состојба во финансискиот систем на Република Македонија, кој многу лесно и брзо денес го добиваат од деловните, приватните 

банки кои скоро сите се странски финансиски институции. Интегритетот на државата е нај ранлив токму во финансискиот сектор, и преку него се врши жесток притисок на Македонската политика. Со враќањето на државниот платен промет, се затвара една голема информативна дупка во финансискиот ситем на Македонија, со што се засилува Македонскиот МОНЕТАРЕН ИНТЕГРИТЕТ и ФИНАНСИСКА БЕЗБЕДНОСТ на институции, групи и граѓани.

4. Приватизацијата на општествениот капитал, како генератор на секое зло во државата, треба да биде комплетно ревидирана и санкционирана. За таа цел потребно е да се оформи АНТИМАФИЈА команда, како дел од постојното обвинителство, со сопствена интервентна единица (логистика), сопствени истражители, а идеално би било СЈО, да се реформира, нормално без постојните кадровски решенија кои се створени со вулгарен партиски дил, договор на криминалците. Конкретно, за да може да функционира, брзо, силно, со големо овластување, тело за докажување на масовни и огромни финансиски злодела, приватизација на една цела држава, потребно е органот АНТИМАФИЈА команда да биде надвор од сите политички дилови и стратегии, затоа што криминалот се креира во политичката елита, а криминалците само одработуваат. Па така, непријателски агенции, како што е ЦИА, преку уцена на политичките елити, токму системот за борба против криминалот, го користи во борба против политички неистомисленици, го користи за уништување на Македонија. Од тие причини, многу важно е, обвинителството, каде ќе функционира АНТИМАФИЈА командата, да ги бира, окружните и Републичките обвинители на непосредни избори, пред народот, слично како изборот за градоначалник во локалната самоуправа. На тој начин се намалува влијанието на политичките субјекти врз најважниот функционер во одбранбениот систем на Република Македонија, а тоа се ОБВИНИТЕЛИТЕ.

СОЈУЗНИЦИ

Сојузници на Република Македонија, во намерата да се реформира и безбедносно бетонира, може да ги најде само во ЕвроАзиските процеси и држави. 

ЕвроАзиската унија, како млада сила која почнува да расте на глобално ниво, секако дека е подготвена да помага во креирањето на новиот современ 

Македонски безбедносен систем, кој не опфаќа само автомати и пиштоли, туку пред се монетарно/финансиско одбранбено делување.

ЕвроАзија е најголемото копно, ЕвроАзија не е само Руско Кинеско спротивставување на Англосаксонскиот хегемон, Евро Азија е вториот пол, Континенталци, против Таласократи, ЕвроАзијци контра Атлантисти. Европската унија како унија на силни европски независни држави е најважниот дел на ЕвроАзија кој моментално е поробен, делумно финансиски, а пред се воено од страна на Атлантистите, но веќе се започнати неповратните процеси на геостратешко померање на Германија и останатите посебно Централно евроопски силни држави, кон Кина и Русија.

Република Македонија, единствено може да просперира како дел од ЕвроАзија, најголемото копно на глобусов. Ресурсите се во ЕвроАзија, конечно денешната ЕвроАзиска унија во зародиш, е најголемиот конструктивен фактор и влијание во исламскиот свет, каде Атлантистите дејствуваат крајно деструктивно. ЕвроАзискиот проецес и неговиот успех во стварањето на вториот голем и моќен, политичко економски глобален пол, ЕвроАзискиот пол, е најважниот услов за стварањето на третиот пол, Исламскиот пол, каде нема Исламот да биде материјал за тероризам, туку сосема спротивно, Исламот ќе биде причина и мотивација за бизнис и благосостојба. 

Во ваквите големи тектонски процеси, Македонија треба и мора да биде дел од ЕвроАзија, процес на конструкција, а не деструкција, глобален натпревар на знаење, висока технологија и вештини во стварање на нови вредности и светови.

Токму затоа ТРЕТА, со својата доктрина со која има намера првенствено да го заштити својот народ од исчезнување и административно бришење, ќе го вклучи активно во светските процеси, нема да го изолира, но пред се, треба да има одбрана, да има интегритет, независност, мора да има сопствена, модерна Македонска држава, на модерниот, мал, но силен Македонски народ.

Историјата, која ни е голема, нема да смее ниту една партија да ја користи за митинзи и дневна политика, таа, нашата мајка , Македонија и нејзината историја ќе 

биде на сите подеднакво како обврска за чување, не за постери, не за избори и власт крадење.

Нашата доктрина, на ТРЕТА, пред се модерна, технолошки напредна, е проектирана за државата, за Македонија, со силни и глобални идеи, проекти и реализации. Токму затоа што сме мали, можеме да ги примениме најсовремените процеси и технологии, можеме да бидеме нај напредни , а не анахрони, закопани самите во сопствената историја, без да знаеме, каде и како да одиме. Доколку се сетите на соврешената книга за нашето постоење, ќе научите. Мојсеј, својот народ, робски, изгладнет, во душа убиен и исплашен, не го спротивстави на тогашната нај моќна империја Египет, не го однесе својот народ на кланица, туку сосема спротивно, го тргна на безбедно, го научи, го дисциплинираше за денес да владее. Мојсеј не раскажуваше приказни, туку командуваше, казнуваше, и од племе малубројно, народ направи, за денес со светот да владеат. Не треба да ги сакате евреите, не се за сакање воопшто, станаа професија, но секако треба да ги почитувате, секако треба од нив многу да се научи, не за друго, за да победиме, да живееме, ние Македонците. Од нас Македонците, тие, Евреите за пари и кованици научија, редно е и ние од нивното знаење, една ДОКТРИНА да позајмиме, за нас примениме, да се реваншираме.

НАДГРАДБА 2019 Мај. ТРЕТА не го ниту раскинува, ниту го ревидира Преспанскиот договор и уставните зимени, ТРЕТА во функционирањето во идно време како ВЛАСТ, нема да го почитува Преспанскиот договор во внатрешната употреба во Македонија. ТРЕТА официјално ќе го крши уставот се до неговата промена и враќање во Македонска поволна состојба, со политички средства.

ТРЕТА партија на Македонците

Љупчо Палевски

21 Мај 2018

Република Македонија