ТРЕТА ПАРТИЈА  НА  МАКЕДОНЦИТЕ на Македонија е НАРОДНА партија, чиј политички идеал е изградба на Република Македонија како општество на слобода, еднаквост, солидарност и демократија на Македонскиот народ и сите етнички заедници.

СТАТУТ
ТРЕТАТА ПАРТИЈА  НА  МАКЕДОНЦИТЕ

      ГЛАВА I-ОПШТИОДРЕДБИ

     

Член 1

Предмет на уредување и утврдување

Со овој Статут, ТРЕТАТА ПОЛИТИЧКА  ПАРТИЈА на Македонците ги уредува: името, симболот и знамето на Партијата; политичките цели на дејствување, остварување на транспарентност во работата, начинот на дејствување; условите и начинот на зачленување, престанокот на членството; правата, обврските и одговорностите на членовите; застапувањето и претставувањето на Партијата; органите на Партијата, начинот на нивниот избор и отповикување, траењето на мандатот и начинот на одлучување, како и други прашања од интерес на членството и работењето на Партијата.

     

Член 2

            Начела и цели 

ТРЕТАТА ПОЛИТИЧКА  ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ (во натамошниот текст #З) е самостојна политичка Партија на слободни и одговорни членови кои дејствуваат заради остварување на следните основни политички начела и цели:

– Целосно почитување на Македонецот, неговото достоинство, права и слободи, согласно највисоките цивилизациски и демократски придобивки.
– Развивање на Македонизмот, негово чување и развивање, глобално дејствување.

– Натамошна изградба на Република Македонија како суверена, демократска и правна држава на Македонскиот народ, која почива на темелните вредности на АСНОМ.
  -Унапредување на еднаквите можности на жените и мажите
– Изградба на општество на еднакви шанси и социјална правда, во кое ќе бидат гарантирани економските слободи и заштитата на правата од работа
– Развивање на пазарно стопанство кое ќе обезбедува одржлив раст и создавање работни места во услови на рамноправност на стопанските субјекти. ( Приоритет на економското делување и политики е заштита на НАЦИОНАЛНИТЕ економски интереси, заштита на Македонските правни лица од глобалните непринципиелни економски политики.)
– Примена на европските вредности во Македонија исклучиво во корист на Македонизмот, адаптирање на сите современи законски решенија, за потребите на Република Македонија.

-Зачленување во ЕУ  исклучиво под уставното име- Република Македонија.

– ВОЕНА НЕУТРАЛНОСТ е единствената геостратешка и меѓународна позиција на Република Македонија.

-Афирмација на правата и зголемување на шансите за најранливите категории и маргинализираните поединци и групи со особено внимание да не се загрозуваат  традиционалните вредности на Македонизмот.

– Обезбедување на услови за развој на науката, образованието, културата и спортот.
-Развивање одговорен пристап кон животната средина и природата.
-Негување на културните вредности и историските придобивки на Македонците. 

ТЕМЕЛНА ОБВРСКА за обезбедување на правата и слободите гарантирани со меѓународните документи за Македонците во соседните земји и развивање на постојана културна,
социјална и економска комуникација со нив и со иселениците.

-#3 СТРАТЕШКА политика е воспоставување на цврсти политички, државни врски и билатерални договори со сите држави каде живее доминантно словенско население.

-Стратешка политика на #3 е: Република Македонија  да биде првата држава од Балканот која ќе добие членство во БРИКС и ЕВРОАЗИСКA  ЕКОНОМСКА  УНИЈА:
Основните начела и цели подробно се утврдени во ДОКТРИНАТА на Третата политика на Македонија и во други документи што се донесуваат во рамките на политичкото дејствување.

 

Член 3

Делување, назив и симболи, јавност, застапување и претставување.

Во остварувањето на политичките начела и цели, #З се користи со сите средства познати на денешната цивилизација.

Борбата како начин за одбрана на Македонскиот народ и Македонизмот е легитимна и задолжителна.

 

Член 4

Соработка на #3 со други политички субјекти

Врз основа на одлука на овластените органи, #З може да стапува во коалиција или да воспоставува други видови на соработка со други политички партии и субјекти  и да остварува меѓународна соработка која е во интерес на Македонскиот народ.

#З на Македонија соработува со партиите во Македонија, како и со партии и субјекти во меѓународната заедница, особено со оние коишто имаат блиски програмски и политички определби и цели, акцентирано со СЛОВЕНСКИТЕ НАРОДИ .

 

Член 5

            Назив на партијата

Полниот назив на Партијата е: ,,ТРЕТА ПАРТИЈА на Македонците,,.

Освен полниот назив на Партијата, во политичката активност и во правниот промет ќе се користи и кратенка од  називот, како скратен назив на Партијата -,, (#3) ,,.

 

Член 6

            Седиште на партијата

#3 е правно лице, со седиште во Скопје, на ул. _______________.

   

Член 7

Претставување и застапување на партијата

#3 ја претставуваат 11 лидери (претседатели) и еден генерален секретар на партијата.

Генералниот секретар на партијата  ја  застапува партијата во рамките на нејзината редовна активност. 

Освен Генералниот секретар, партијата ја застапуваат и претседателите на партијата врз основа на нивните овластувања утврдени со овој Статут или врз основа на посебна одлука на Извршниот Комитет или на Централниот  комитет. 

Лицата кои со овој Статут се овластени да го застапуваат #3 можат, во границите на нивните овластувања, да овластат и трети лица како застапници.

 

Член 8

Партијата има тркалезен печат, со пречник од 3 сантиметри, во чија средина се наоѓа симболот ,,КОЛОВРАТ,, на чии рабови е испишано името „Трета партија на Македонците“.

Партијата има знак кој се состои од жолт ,,КОЛОВРАТ,, на црна подлога.

Знамето на Партијата е правоаголно, со црна боја и димензии во однос 1:2, а во неговата средина е поставен знакот на партијата од ставовите 2 и 3 на овој член.

Во комуникацијата може да се користи синтагмата македонска трета. 

Празник на Партијата е ,,03.03.,,, а денот на нејзиното формирање ________.
Партијата има своја химна__________________.

Користењето и чувањето на печатот, знакот, знамето и химната е обврска на Генералниот секретар на партијата.

 

Член 9

ГЛАСНОСТА и ЈАВНОСТА во своето работење е најголем приоритет на #3,

#3 подржува секаков вид на герила акции без притоа да се загрози безбедноста и животот на учесниците и луѓето кон кои се усмерени герила акциите.

За остварување на начелото на јавност во работата се грижи и е одговорен Извршниот комитет на партијата.

ГЛАВА II – ЧЛЕНСТВО
Услови и начин на зачленување

Член 9

Член на #З може да биде секој полнолетен граѓанин – државјанин на Република Македонија, кој ќе даде изјава за доброволно членство во Партијата и кој ги прифаќа одредбите од овој Статут и Програмската декларација.

Потпишаната изјава за пристапување во #З (пристапница), подносителот ја доставува до ИЗВРШНИОТ Комитет на #З.

Ако пристапницата е доставена до општинската организација, тогаш таа ја доставува до  Извршниот комитет на #З, кој на првиот состанок го верифицира пристапувањето.

Во исклучителни ситуации, граѓаните кои немаат услови да дејствуваат во рамките на некоја од општинските организации на #З, можат да ја достават својата изјава за пристапување до кој било орган на #З, кој пак е во обврска да ја достави пристапницата до Извршниот комитет на #З најдоцна во рок од 10 дена од приемот на пристапницата.

Доколку, органот или членот кој превземал обврска да ја достави предметната пристапница во статутарниот рок од 10 дена, истата не ја достави до Извршниот Комитет, истиот ќе понесе целосна одговорност, пред партијата.

Пристапувањето на нов член може да го оспори Извршниот одбор на “З, кој одлуката ја доставува до подносителот на пристапницата во рок од 30 дена, од денот на доставување на податоците за прием. 

Незадоволната страна од одлуката на Извршниот комитет на #З во однос на пристапницата, има право на жалба. Жалбата се поднесува до Надзорниот комитет на #З во рок од 30 дена, од денот на доставувањето на одлуката.

Одлуките на Надзорниот одбор на #З се конечни, а секогаш стапуваат на сила во моментот на носење.

За евиденцијата на членството и за членарината се води единствена база на податоци, која се уредува со посебен Правилник од страна на  Извршниот комитет на #З.

 

Член 10

Во политичкото делување на #З, покрај членовите, можат да соработуваат и партиски неопределени лица – симпатизери на партијата и поддржувачи (пријатели) на партијата.

Начинот на нивното учество на седници на органите и во работните тела на партијата се уредува со Одлука на Извршниот комитет на #З.

 

Член 11

     Права и обврски на членовите

Членот на #З ги има следните права и обврски:

-да учествува во градењето и остварувањето на политиката на Партијата;
-самостојно да презема иницијативи кои не се спротивни на овој Статут и на основните

програмски и политички ставови на Партијата;
-да избира и да биде избран во сите органи на Партијата;
-да биде кандидат, или кандидат на партијата на партиските листи за парламентарните, претседателските и локалните избори;

-да биде редовно информиран за активностите на Партијата и критички да се осврнува врз нив;

-да прима солидарна помош од Партијата, во согласност со посебните акти, особено во случај на повреди на неговите права поради членување во неа; својата активност да ја извршува во согласност со Статутут;

-да ги издвои сопственото мислење, предлози и ставови со кои останува во малцинство при расправата и во донесувањето одлуки.

-да има пристап до информациите на web-страницата на #З наменета само за членовите;

-теоретски и практично да се оспособува за политичко делување, организирано од страна на #З;

-пред надлежните органи и во согласност со овој Статут да ги заштити своите права.

 

Член 12

        Членарина

Членот е должен редовно да плаќа членарина.

Членот кој остварува примања кои произлегуваат од мандатот добиен од #З, а не се однесувааат на редовните примања, плаќа дополнителна членарина.

Членот може да дава материјална поддршка на #З во облик на прилози, донации и сл.

Заради давање на материјална поддршка на #З не може да се остваруваат дополнителни или посебни права.

Со посебна Одлука на Извршниот комитет се одредуваат обврските и правата од претходните ставови, како и категориите на членови кои се ослободени од обврската за плаќањето 

Членарина.

 

Член 13

Членот кој не платил членарина за 3 или повеќе месеци не може да биде избран за извршување на функција во органите на партијата, ниту кандидат на партијата на  локални и државни функции.

Пред истекот на рокот од ставот 1, Општинската организација е должна членот писмено да го извести за неисполнетата обврска.

Членот кој не платил членарина за 3 или повеќе месеци, освен оние кои се ослободени, привремено го губи правото на одлучување.

Доколку во меѓувреме членот ги подмирил во целост обврските за плаќање на членарина, повторно се стекнува со сите права на одлучување и кандидирање.

Општинските организации имаат обврска на секои 3 месеци да поднесуваат Извештај за состојбата за плаќањето на членарината до Секретарот на #З.

 

Член 14

. Престанок на членство

Членувањето во #З престанува со:
1. истапување од Партијата со потпишување на писмена изјава;

2. бришење од евиденцијата;
3. одлука за исклучување, поради:

-зачленување во друга политичка партија,

-кандидирање како независен кандидат или кандидат на листа на друга политичка партија.

-прифаќање на кандидатура за функција или функција во законодавната, извршната или локалната власт од страна на друга политичка партија, без согласност на #З.

-работење и дејствување спротивно на Статутот и Програмата на #З, -непочитување на Одлуките и ставовите на органите на #З,                  

-работење и дејствување со кое му нанесува штета на угледот на #З.

 

Член 15

Членот се брише од евиденцијата откако ќе се констатира дека шест (6) месеци не плаќа членарина. 

Одлука за бришење од евиденцијата донесува Извршниот одбор на #З. 

Одлуката задолжително му се доставува на членот, во писмен облик.

На одлуката за бришење од евиденцијата членот може во рок од 8 дена да поднесе жалба до Надзорниот одбор на #З, кој е должен во рок од 30 дена да донесе одлука.

До донесување на одлуката на Надзорниот одбор правата и должностите на членот мируваат. 

Одлуката на Надзорниот одбор е конечна.

 

Член 16

По престанокот на членството со бришење од евиденцијата, членот нема право на повторно зачленување во #З во рок од најмалку три години од денот на донесување одлука за бришење од евиденцијата, доколку претходно го подмири долгот за членарината.

Со подмирувањето на членарината и враќањето во евиденцијата на членовите, се смета дека има континуитет на членувањето во #З.

 

Член 17

За донесување на одлука за исклучување се спроведува постапка, во која Извршниот комитет на #З може да изрече опомена или да донесе одлука за исклучување од #З.

Опомена може да се изрече за помали облици на повреда со кои е нанесена мала штета на партијата.

Исклучување на членот може да се изрече за потешки облици на повреда со кои е нанесена значителна штета на партијата.

 

Член 18

Одлука за опомена односно одлука за исклучување донесува Извршниот комитет на #З.

Извршните одбори на Општинската организација  можат да поднесат барање за опомена или исклучување на член на #З,  кои се избрани на локално ниво  до Извршниот комитет.

Централниот комитет на #З одлучува за опомена или исклучување на членови на Централниот комитет на #З,  на Извршниот комитет, на членови на Пратеничката група и на членови во извршната власт, градоначалниците, како и за носители на функции избрани или именувани од законодавната или извршната власт.

Во постапката за исклучување мораат да се приложат докази (документи и изјави). 

Одлуката за опомена односно исклучување се донесува по одржување на усна расправа.

На усната расправа задолжително се повикува членот против кого се води постапката за исклучување и тоа во сите степени на постапката. Извршниот комитет на Општинската организација и на ЦК на #3, пред кои се води постапката, дозволуваат присуство на член по барање на членот за кој се води постапка, кој би бил негова потпора во постапката.

За усната расправа се води записник.

 

Член 19

Одлуките кои се носат во постапката за исклучување мораат да бидат во писмена форма, со образложение и поука за жалба.

Одлуката задолжително се доставува до членот, за кој се водела постапка за исклучување.

Членот од ст.2 на овој член во рок од 15 дена од денот на доставување на Одлуката има право на жалба до Надзорниот комитет на #З.

Со Одлуката на Надзорниот комитет може да се потврди, преиначи или укине

претходната Одлуката на Извршниот комитет на Општинската организација или на ЦК на #З. Одлуката на Надзорниот комитет е конечна.

 

ГЛАВА III – 

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА И ОРГАНИ НА #3

Член 20

Членството на #З територијално е организирано во следните облици на дејствување:

-Основен комитет на #З

Членовите на #З може да се организираат и во интересовни облици Одлуката за нивно формирање ја донесува ЦК на #З.

III.1 ОРГАНИ  на #3


                     

Член 21

Органи на #З се:

-Конгрес

    – Централен комитет.

     -Извршен комитет

     -Надзорен Комитет

     -1   Секретар

 

Член 22

     Конгрес на #З

Конгресот на го сочинуваат:

– 120 делегати од Основните комитети на #З , утврдени со одлука на Централниот комитет за свикување на Конгрес на #3.  

– членовите на Централниот комитет на #З

-членовите на Извршниот комитет

 членовите Надзорниот комитет на #З;

– Секретар на #З;

-претседателот на младите #З.

 

Член 23

Конгресот на #3 е највисок орган на  #3.
Мандатот на делегатите на Конгресот трае 4 години.
Мандатот на делегатите со кои се прават измени и дополнување во составот на

Конгресот е во рамките на четиригодишниот мандат на целиот Конгрес.

 

Член 24

Конгресот се состанува секоја четврта година на изборна-редовна седница.

Конгресот се свикува задолжително пред , парламентарни, претседателски Iи локални  избори заради утврдување кандидати за изборите.

Одлука за свикување на Конгресот носи Централниот  комитет.

Конгресот, пред рокот утврден со овој Статут, се свикува на барање на Извршниот комитет на #3, најмалку 1/2 од членовите на Централниот комитет на #3,  или на 2/3 од општинските организации на #3, .

Предлогот за свикување на Конгресот пред рокот утврден со овој Статут треба да содржи дневен ред со образложение.

 

Член 25

                                                 Функции и надлежности на конгресот 

Конгресот на #3:
– донесува Програма и измени и дополнување на Статут на #3;
– го одобрува извештајот за работата на органите помеѓу 2  конгреса;
– избира членови на Централниот комитет на #3 ;
– избира членови на Надзорниот Комитет на #3 ;
– утврдува кандидати за учество на претседателските и на парламентарните избори; 

– Избира Секретар на партијата

– донесува деловник за својата работа;

– ја утврдува одговорноста на носителите на функции што ги избира;
– по потреба, разгледува и други прашања сврзани со работата на #3.

донесува одлука за изборни коалицирања;
– утврдува изборна програма на #3.—————ЦК

 

Член 26

          Централен комитет на #3

Централниот комитет на #3 го сочинуваат 40 членови и Секретарот на Партијата:
Манадатот на членовите на Централниот одбор трае 4 години, со право на повторен избор.

Првиот Централен комитет на #3 го сочинуваат членови кои ке бидат избрани на првото Основачко Собрание на партијата.

 

Член 27

Централниот комитет на #3 е највисок орган на  партијата меѓу 2 конгреса кој:

-свикува Конгрес,

-Утврдува дневен ред на Конгресот.

-именува работно Претседателство на Конгресот.

-избира Претседавач на Централниот комитет од сопствените редови со мандат од 4 години.

-ги утврдува делегатите на Конгресот од добиените предлози-листии од Основните комитети.

– раководи со партијата меѓу два конгреса и се грижи за извршување на неговите одлуки;

– дава политички оценки и утврдува политички ставови на партијата;

– избира 11 члена на Извршниот комитет на партијата;

– избира Претседавач на Централниот комитет од своите членови со мандат од 1 година, без право на повторен избор, по предлог на најмалку 20 членови на Централниот комитет на #3.

– избира членови и Претседател на Совет на мудреци на #3;
 – донесува Правилник за работа на регионалните координатори;

-Донесува Правилници за работа на органи и комисии на партијата
– донесува одлуки за основање на интересовни облици на организирање и нивно

членство на републичко ниво;

-го донесува Кодексот за однесување на функционерите;

– донесува одлука за основање и распуштање на Основен комитет;

-му предлага на Конгресот кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија и за претседател на државата, како и кандидати за органите на #3;

-донесува одлука за распишување на внатрепартиските избори и во Правилник ги утврдува критериумите и постапката за избор на членовите и органите;

– ја утврдува одговорноста на носителите на функции што ги избира;

– ги разгледува и утврдува годишните финансиски планови и извештаите за деловната политика на #3;

– ги утврдува начинот и облиците на материјална поддршка на Партијата во смисла на член 12 став 1, 2 и 3.;

– ја води финансиската политика на #3 и управува со нејзиниот имот;

– формира Фонд за солидарност, чии надлежности ги утврдува со посебен Правилник;

– именува директор и членови на Центарот за истражување и анализа, со мандат од 4 години, а неговите надлежности се утврдуваат со посебна одлука на Централниот комитет;

– Усвојува изборни и политички програми  изготвени и поднесени на усвојување од  Извршниот комитет 

– донесува одлуки за основање на посебни служби на #3 и други облици за вршење на својата дејност;

– донесува акт за висината и начинот на плаќањето на партиската членарина;
– донесува деловник за својата работа;
  – избира Шеф на Изборен штаб;
  – по потреба, решава и за други прашања сврзани со работата на #3 кои со Статутот или со друг општ акт не се ставени во надлежност на друг орган на партијата.

Претседавачот на Централниот комитет, раководи со работата на Централниот комитет, утврдува дневен ред и организира гласање на Централниот комитет и носење на одлуки.

 

Член 28

Седниците на Централниот комитет се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш на секои три месеци.

Седниците на Централниот комитет ги свикува и ги води претседавачатот на Централниот комитет на барање на Извршниот комитет, Секретарот или 1/2 од членовите на Централниот комитет на #3,  и е должен на дневен ред да ги стави точките кои ги бара подносителот.

Во случај на отсуство на претседавачот, седниците може да ги свикува Секретарот на партијата. 

Доколку на седниците на Централниот комитет има потреба од вклучување во работа на надворешен член, истиот го поканува да присуствува во работата на Централниот комитет без право на одлучување.

 

Член 29

Секретар на #3??????

Секретарот на #3:

-Секретарот на #3 ке бидe избран на првото Основачко Собрание на партијата.

-Мандатот на Секретарот на  #3 трае 4 години, со право на повторен избор.

– ја застапува, претставува и раководи #3 помеѓу седниците на органите на партијата;

– учествува во градењето на политиката на #3;

– ги свикува седниците на Централниот комитет, доколку на барање на органите од чл. 28 ст.2 од Статутот  тоа не го направи Претседавачот на Централниот комитет.

-ги свикува седниците на Извршниот комитет,
– именува и разрешува претседатели на општинските организации.

– го води тековното финансиско и материјално работење на  #3.

-предлага заменик секретар на #3
– извршува и други работи што му се ставени во надлежност со општите акти и со

посебните одлуки на органите на #3 .
-Секретарот во рамките на своите надлежности утврдени со Статутот има право да делегира надлежност на заменикот Секретар со писмена Одлука.

-Врши и други работи во интерес на органите на  #3.

 

Член 30

Извршен комитет  на #3 

Извршниот комитет  на  #3  го сочинуваат 12 членови со право на глас од кои:

-Секретарот на #3
  – 11 члена од редовите на Централниот Комитет што ги избира Централниот комитет од својот состав

Првиот Извршен комитет на #3 го сочинуваат членови кои ке бидат избрани на првото Основачко Собрание на партијата.
  Мандатот на Извршниот комитет е 4 години со право на повторен избор.

Член 31

Извршниот комитет на #3  e иизвршен орган на партијата кој:
– ја гради и изразува  политичката волја на #3 ;
– ги реализира заклучоците и ставовите на Централниот  комитет. 

– ги обработува прашањата од внатрешен, организационен и кадровски карактер и е одговорен за ефикасното спроведување на професионалните работи за потребите на #3 ;

– избира регионални координатори, по предлог на генералниот секретар од редовите на Централниот Комитет;

– утврдува кандидати за градоначалници и за советници во органите на локалната самоуправа

– донесува одлуки за тековното финансиско и материјално работење на  #3.

– ги разгледува иницијативите, предлозите, мислењата и молбите што се упатени до него.

– донесува акти и ги решава сите прашања од областа на работните односи на  #3 ;

– по потреба, со одлука формира работни групи и комисии и други тела за  извршување на проекти и задачи на партијата и

– донесува деловник за својата работа.

– донесува одлука за изборни коалицирања;
– изготвува политички и изборна програми на #3 и ги поднесува на усвојување на  Централниот      Комитет

  основа постојани и повремени работни тела (одбори, комисии, други групи) чиј делокруг на работа се утврдува со одлуката за нивно основање.

Седниците на Извршниот комитет ги свикува, подготвува и води Секретарот на партијата.

Одлуките на Извршниот комитет се носат со гласање, и се сметаат за донесени доколку за нив гласало просто мнозинство од најмалку 7 члена на Извршниот комитет.

На седници на Извршниот комитет по предлог на член на Извршниот комитет можат да бидат поканети и да присуствуваат  други  лица кои не се членови на #3.

Извршниот комитет ке ги носи сите политички одлуки кои се важни за #3.

Со цел да спроведе департизирање на институциите на системот во Република Македонија, членовите на Извршниот комитет нема да вршат функции во извршната и законодавната власт во Република Македонија.

 

Член 32

  Надзорен комитет

Надзорниот комитет е составен од 3 члена.

Мандатот на членовите на Надзорниот комитет е 4 години.

Членовите на Надзорниот комитет ги избира Конгресот.

Функции на Надзорниот комитет:

-Одлучува во втор степен по изјавена жалба против одлуките кои ги носи Централниот комитет и Извршниот комитет.

           

Член 33

Основен комитет

Основниот комитет на #3  се основа со одлука на Централен комитет по претходно Барање поднесено од страна на најмалку 50 членови на #3.

Членовите на Основниот комитет избираат Претседател од сопствените редови на непосредни партиски избори со тајно гласање, со мандат од 2 години, и 4 членови на извршен комитет на Основен комитет.

Извршниот комитет на Основниот комитет е должен да изготвува месечни извештаи за својата работа и во писмена форма да ги доставува до Извршниот комитет на #3.

Основниот комитет е единствена организација надлежна за водење и реализирање на усвоените политики на партијата и автономно и неприкосновено одлучува за политички потреби на територијата на која делува.

 

Член 34

Внатрепартиски избори

Сите органи на партијата се бираат на непосредни избори со тајно гласање.

Кандидатите за делегатите на Конгресот на #3  се бираат на избори организирани на ниво на Основните комитети на непосредни избори со тајно гласање, по што Основните комитети листите за кандидати ги доставуваат до  Централниот комитет..

 

Член 35

        одлучување

Органите на #3  полноважно одлучуваат доколку на состаноците се присутни повеќе од половината членови кои ги сочинуваат органите, а одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните.

Ако за исто прашање постојат повеќе предлози, за усвоен се смета оној предлог кој добил најмногу гласови од присутните.

 

Член 36.

Родова еднаквост

Во сите органи на партијата мора да има најмалку 30% жени.

 

Член 37

Престанок на партијата

#3 може да престане да постои:

-Со одлука на Конгрес донесена со 2/3 мнозинсвот од вкупниот број на членови на Конгресот.

-Кога бројот на членовите на партијата ке се намали под законски определениот број за нејзино основање.

За престанок на #3 во случаите од ст.1 алинеа 1 и алинеа 2, Секретарот на партијата или лице кое го заменува, или лице овластено од Секретарот на партијата го известува соодветниот суд во Скопје заради бришење на партијата од судскио регистар.

Со одлуката за престанување со работата, Конгресот решава и на кого ке му го даде ( отстапи или подари ) имотот на #3 .

 

Член 38.

измени и дополнувања

Измени и дополнување на на Статутот на #3  се врши со мнозинство гласуво од вкупниот број на делегати на Конгресот.

Статутот стапува во сила со денот на неговото донесување. 

Усогласување на одредбите од овој Статут мора да се изврши во рок од 6 месеци од денот на неговото донесување. Во меѓувреме постапките ќе се спроведуваат според правилници донесени од страна на Централниот комитет на #3.

Скопје 23.02.2018г. Палчо и Васко